Наутро просјак, а навечер убава, млада девојка! (ВИДЕО)

Случајните минувачи често се многу богати и дарежливи луѓе, па понекогаш просјакот добива над 50 донации за еден час! Но, што се случува кога ќе заврши „работниот ден“.

Екипата на една телевизиска станица во Њујорк успеала по неколкудневно истражување и поставување камери на скриени места да ја разоткрие измамата на една млада девојка.

Дневно, таа е сиромашна просјачка која проси во една од најелитните улици на Њујорк, Петтата авенија (5 AV), каде што често има продавници на најголемите светски брендови, како Гучи, Прада или Тифани. Случајните минувачи често се многу богати и дарежливи луѓе, па понекогаш во еден час оваа девојка добива 50 донации! Но, што се случува кога ќе заврши „работниот ден“.

Таа тргнува со автобус, потоа излегува и се качува во комбе, каде што се пресоблекува. Излегува од комбето како добро облечена девојка. Се разбира, повеќе не и требаат патерици. И секој таков ден. Новинарска екипа ја снимила и неколку дена подоцна додека одела на шопинг и излегување со пријател.

Работниот ден го започнува со пресоблекување во комбиња, од каде оди на улиците на Њујорк во потрага по донации. И така секој ден.

Но, кога новинарите ја соочија со вистината и со она што го открија, таа само си замина – како вистинска актерка која не отстапува од својата улога.