Најздравото нешто што треба да го направите наутро на празен стомак

Најздравото нешто што можете да го направите за вашето тело е да консумирате мед заедно со вода наутро на празен стомак.Сигурно многу пати сте читале или слушнале за придобивките од медот, но дали знаете како правилно да го консумирате?

Најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело е да го консумирате заедно со вода наутро на празен стомак. Земете една лажица мед и измешајте со млака вода. Водата што ја пиете потоа брзо се апсорбира од вашето тело.

Што му прави медот со вода на нашето тело?
Го подобрува имунитетот Ја зајакнува отпорноста на организмот на бактерии, вируси, габи. Ја регулира функцијата на цревата Медената вода се бори против паразитите кои живеат во нашите органи за варење. Не дозволува да се размножуваат и го нормализира функционирањето на клетките на органите за варење.

Активно ја храни кожата
Наутро, загрејте ја водата што ја подготвивте синоќа и измијте го лицето, вратот, областа на деколтето… благодарение на систематското дејство на оваа лековита вода, се подобрува циркулацијата на крвта и поактивна исхрана на клетките на кожата. По миењето, почекајте малку да почне да делува медот, а потоа исплакнете ја кожата со млака вода. Ако вака редовно се миете, вашата кожа ќе стане поздрава, посвежа, поеластична и кадифена.

Против честото ноќно мокрење
Медот е хигроскопски, собира вода, така што бубрезите и мочниот меур преку ноќ немаат оптоварување и мируваат.