НАЈЛУДАТА АВАНТУРА! Го однел кучето на рафтинг – се испоставило дека кучето е зависник од адреналин!

Безброј пати бевме убедени дека кучето е најверниот пријател на човекот, но секој нов доказ не остава без текст одново и одново.




Колку кучињата имаат доверба во својот сопственик и колку се подготвени да одат со него во секое време и секаде, навистина е тешко да се опише со зборови.




Доказ за тоа е бестрашниот, убав лабрадор Весо, кој со својот сопственик Радован Ковач отишол ни помалку ни повеќе туку на рафтинг.




Вистинските љубители на адреналинските авантури и рафтингот, добро знаат дека на човек не му е лесно да се спушти по Ибар со гумена чамец, а камоли со куче. Но, не грижете се, херојот од видеото што можете да го погледнете под текстот, херојски ја издржал оваа авантура, а како награда од шефот добил неколкучасовно дружење со диви коњи на планината Столови, во кое навистина уживал.