На мајките не би им текнало: Погледнете како „креативен татко“ ја средува косата на своето девојче ВИДЕО

Иако постои популарно мислење дека мајките се задолжени за фризурите на нивните наследнички, факт е дека секогаш има исклучоци.

Тоа го поткрепува и видео на кое социјалните мрежи „гласно аплаудираат“. Жените се воодушевени. Имено, татко му ја средува косата на своето бебе, а трикот кој го искористи е повеќе од симпатичен. Откако ќе ја подигне косата на ќерката, таа се врти во круг, благодарение на што со заеднички сили успеале да направат одлична пунџа.

Забавно и корисно. Судејќи по нејзината реакција, на девојката и се допаѓа овој начин на средување на косата, а се чини дека е воодушевено и кучето кое гледа од страна.

Социјалните мрежи, како и обично, не молчат, туку „наглас“ го фалат тато што „ја зеде женска работа“ во свои раце и ја заврши повеќе од добро!