На менаџерот на ресторанот му пришла гладна баба, а неговата реакција била неверојатна

Гладна баба влегла во ресторанот со тригодишната внука и му рекла на менаџерот на ресторанот дека нема храна. Неговата реакција е навистина неверојатна. Рестораните ги служат гостите во замена за пари, така функционира. Поради оваа причина, посебно внимание привлече несебичниот чин на менаџер на ресторан кому му пријде гладна баба.

Ахмед е менаџер на ресторан за брза храна во градот Хјустон, ја сака својата работа и е благодарен. Еден обичен ден, необична жена влегла во ресторанот. Тоа беше слаба старица која со себе имаше тригодишно девојче – нејзината внука. Баба го повлече Ахмед настрана. Му објаснила дека нема пари за храна, дека има уште девет внуци и дека останала без бензин во автомобилот.

Таа го замоли Ахмед да и даде храна, а таа му вети дека ќе му плати следниот ден, откако ќе го пресметаат и вратат данокот. Таа дури и му ја бутнала личната карта во раце како доказ дека ќе се врати. Ахмед не сакаше ни да го слушне. Не сакаше да си ја земе личната карта. Наместо тоа, тој и подготви огромен оброк за неа и за целото семејство – бесплатно.

Се е снимено од еден вработен кој видеото го сподели на интернет. „Господ да го благослови овој човек“, рекол тој, „и дал бесплатна храна и и рекол да се врати ако е гладна утре.“ Згора на тоа и ја наполниле колата со бензин.

Амхед објасни дека жената минува низ „многу тежок период. Срамота беше да ја прашам“. Можел да ја одбие, но и рекол слободно да се врати ако повторно се најде во истата ситуација.