На некој му паднал мобилниот додека се возел во возот на рингишпилот, а потоа се случило нешто генијално

Сега ќе ви докажеме дека меѓу нас живеат нинџи со молскавично брзи рефлекси. Семјуел Кемпф од Нов Зеланд ни докажа дека човечкото тело е неверојатно. Додека се возел во возот на рингишпилот, видел iPhone во воздухот и го фатил.

Имено, некој што седел пред него му паднал iPhone X додека возел со брзина од над 130 km/h. Без размислување посегна по него и – го фати. По возењето го вратил на сопственикот, кој му купил видео од возењето.

Инаку, возот на смртта Шамбала во Порт Авентура во Шпанија е висок 78 метри и се движи со брзина од 134 км/ч.

Видеото го објави на Јутјуб и за помалку од една недела доби неколку милиони прегледи.