На покојниот син му оставила празно столче, а потоа некој дошол на нејзината свадба и сите биле изненадени

Сакате да прочитате една убава, трогателна приказна Приказната не може да биде поубава од оваа, во околности кои за жал не можат да се променат, но секако полесно се поднесуваат со вакви срца. Беки Турни е мајка од Алјаска која пред две години го доживеа она што ниедна мајка не треба да го доживее.

Таа го изгубила својот тогаш 19-годишен син Тристон, а од неговата смрт не поминал ниту еден момент да не помисли на него. Но животот продолжува, па таа неодамна се почувствувала среќна кога мажот од нејзините соништа ја запросил.Организираа свадба, посебно место меѓу „гостите“ доби празно столче за нејзиниот син. До неа стигна трогателна порака, во спомен на него, на кого посака повторно да ја види мајка си среќна.

Но, кога започнала церемонијата, пред да го каже судбоносното „да“, мажот од нејзините соништа, Кели Турни, прекинал се и донел некого во нејзината љубов што ја расплакала целата свадбена веселба само неколку минути подоцна. Беки на почетокот била збунета, поради ненадејниот прекин на церемонијата, но кога пред неа се појавил непознат млад човек Џејкоб Килби и и рекол дека има 21 година, Кели веднаш сфатила кој е тој.

Кога нејзиниот син отишол на другиот свет, мама решила да ги донира неговите здрави органи. Така веднаш сфатила кој е тој, а кога Кели и подала стетоскоп, свадбарите разбрале. Беки автоматски го ставила стетоскопот на градите на Џејкоб каде ја слушнала најубавата „свадбена песна“, срцето на нејзиниот син кое продолжило да чука во уште една добра душа.

Силно го прегрна, сите плачеа, а Беки отсега ќе живее многу полесно и посреќно затоа што, иако Тристон повеќе го нема, неговото срце барем спаси туѓ живот. Кели и Џејкоб подоцна и признале на Беки колку биле возбудени поради изненадувањето што и го подготвиле заедно. Не сме изненадени, бидејќи едно вакво горко-слатко изненадување навистина ни допре до срцето.