На постариот господин му беа потребни 10 секунди за да го освои The Voice

Кога Рене Бишоп излезе на сцената, публиката не беше сигурна дека ќе ги воодушеви. Помалку од 10 секунди беа потребни за неговата изведба на „Unchained Melody“ да предизвика бурни реакции. Со секоја секунда, неговиот неверојатен глас освојуваше се повеќе членови на публиката, а единствени кои останаа да ги придобијат беа членовите на жирито.

Секако, и тие беа импресионирани од неговиот глас, но не го притиснаа веднаш копчето што ќе му овозможи да помине понатаму, туку сакаа да стигнат до потешкиот дел од песната за да видат дека тој не само што е добар пејач, туку дека неговата изведба е навистина уникатна.

Додека се расправаа за тоа кога е време да се притисне црвеното копче, Рене не го губеше својот кредибилитет, а гласот му беше се подобар.

Со насмевки на лицата сите членови на жирито се свртеа кон него и во исто време ги притиснаа копчињата за да продолжи натпреварувањето во холандскиот The Voice. Неговиот глас е дар од Бога!