На сватовите им покажа што има во рака: Младоженецот предизвика мешани реакции со својата урнебесна шега ВИДЕО

обична свадба станала сè само не обична кога младоженецот им покажал на гостите на свадбата што има во раката.
Мајк Ресендез го снимил младоженецот и го објавил видеото на социјалните мрежи, каде поради неговиот потег „полуделе“ повеќе од 20 милиони луѓе.

На таа снимка се гледа младоженецот, непосредно пред свадбата, пред олтарот како го врти мобилниот кон свадбената веселба, во моментот кога клекнал покрај својата идна сопруга.

Тој на телефон напиша:

„Помош“.

На некои им се допадна шегата, а други сметаат дека таков потег бил сосема непотребен.

„Во ред, тоа беше шега, но не беше ниту место ниту време за тоа. Како негова партнерка, ова многу би ме налутило“, „Ако ми го направи ова, ќе ми го скрши срцето“, се само дел од коментарите, пренесува „Курир“.

Не се знае како реагирала невестата, а најдобро би било да знае што ќе се случи, односно шегата да биде наменета само за гостите.

@mrjexerWedding day blues!!!♬ original sound – Mike Resendez999


Видеото погледнете го ТУКА