На седумгодишниот син му наплаќа кирија: На крајот на месецот треба да ги плати сметките

Секој родител има свои методи на воспитување, а една мајка на социјалните мрежи поттикна дебата за прилично необична техника на воспитување. Имено, нејзиниот седумгодишен син и плаќа кирија. На нејзиниот профил на TikTok, Craftedandcrazy објасни дека на крајот на секој месец, таа очекува момчето да и ги предаде парите за да ги покрие трошоците за кирија и струја.

„Имам седумгодишно дете. Има листа на задачи кои мора да ги исполнува секојдневно. Ако завршил се од списокот, добивал по еден долар на ден. На крајот на месецот треба да ги плати сметките. Го користи станот и користи интернет на таблет“, објасни таа. Таа истакнува дека нејзиниот син многу добро знае дека дел од неговите пари се наменети за плаќање сметки, додека остатокот може да го потроши за забава.

„Не правам ништо со неговите пари. Ги уплаќам на неговата штедна книшка. Затоа го учам на вредностите на парите и одговорноста. Задоволна сум од резултатите“, изјави таа. Додека многумина ја пофалија што го научила своето дете да заработува пари и да ја разбере нивната вредност, други велат дека е премногу рано седумгодишно дете да биде измачено со финансиски грижи.

„Во ред, но тој има седум години. Зошто не му дозволите да биде дете и да почне да го прави тоа кога ќе стане тинејџер?“, праша едно лице.
„Не ми е гајле колку години има, ова е паметна работа бидејќи некои луѓе не ја разбираат ни во зрелоста“, не се согласува друг.

Третиот предлага да се воведе камата доколку сметките не се платат навреме „бидејќи тоа се случува и во реалниот свет“.