Неверојатна трансформација на 74 години: Ако можам јас, можете и вие

Никогаш не е доцна да почнете со вежбање и здрава исхрана, доказ за тоа е 74-годишната Џоан Мекдоналд, која со вежбање почнала во последните две години.

На 72-годишна возраст Џоан добила мотивација да вежба, а тренер ѝ е нејзината ќерка Мишел Мекдоналд, професионален фитнес тренер. На Instagram Џоан објавува најразлични видеа од теретана, како изведува импресивни вежба со кои ги изненадува и помладите.

Ако јас можам да научам ваква лекција на седумдесет години, можете и вие. Сакајте се себеси доволно за да се промените и покажувајте си ја секојдневно таа љубов“, порачува таа.