НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ НА АВТОПАТ: По судир на камион, на автопат илјадници литри пиво

Сите ленти беа затворени откако камион со пивска приколка удри во камиони паркирани покрај автопатот.




Од полицијата велат дека за среќа возачот бил само полесно повреден.




Тампа Беј Тајмс пишува дека два камиони прво се судриле и застанале на автопатот. Потоа два камиони и еден пикап застанале да проверат дали жртвите се повредени и да им помогнат.




Тогаш камионот кој превезувал пиво не застанал навреме и удрил во паркирани возила. Покрај пиво, на коловозот се излеал и бетон што го превезувал еден од камионите.