Невестата има 11 години, а младоженецот 35 – Видео кое нема да ве остави рамнодушни

Ова е само обид на УНИЦЕФ да укаже на ужасите на детските бракови. Како се вика бракот во кој невестата има 10 години, а младоженецот 30? Тоа го нарекуваме неправда, или на друг начин, детски бракови. Иако можеби мислевте дека ова повеќе не е вообичаена практика, фактите за жал сугерираат поинаку.




Детските бракови продолжуваат да се практикуваат во многу земји и покрај законските забрани. Ваквите случаи се најчести во азиските земји и на Блискиот Исток. Во поголемиот дел од Саудиска Арабија и Јемен, девојчињата на возраст од 10 години се принудени да се омажат за мажи во нивните 30-ти.




УНИЦЕФ и Bridal Musings се обидоа да укажат на последиците од овие бракови и снимија видео за да ја подигнат свеста на луѓето. Посебно внимание привлекува фактот дека секоја година околу 15 милиони деца се принудени на таков брак, пишува Fokuzz.com . Сосема е нормално девојчињата на возраст од 9-10 години да се мажат за мажи од 30 и повеќе години во Јемен и Саудиска Арабија.




Ова се случува и покрај законите кои се однесуваат на зачувување на менталното и физичкото здравје на малолетниците. Човекот дава збор дека нема да ја допре девојката, ниту неговата жена додека таа не созрее. Се разбира, мажите никогаш не го исполнуваат тоа ветување. Дали мислите дека се казнети на некој начин за тоа? Се разбира не.




Во видеото се зборува за 11-годишничка и 35-годишен младоженец. Како се чувствуваат само девојките за време на венчавката, а нивните семејства немо присуствуваат на церемонијата. За жал, ова не е само видео, ова е реалност! Нема зборови да се опише што се случува во видеото. Ова е само обид на УНИЦЕФ да укаже на ужасите на детските бракови.




Целта е да се едуцираат луѓето за стравовите и проблемите со кои се соочуваат овие девојчиња, кои се уште не влегле во пубертет и се принудени да се омажат за некој кој е врсник на нивниот татко. Ова не е видео кое ќе го погледнете и заборавите за миг, ова е „повик за акција“, трогателна приказна која ќе ги потресе и најсилните!