Невеста (23) се омажи за љубовта на својот живот – сите плачеа на свадбата

Таа не можеше да оди до олтарот. Немала сила па ја возеле во инвалидска количка. 23-годишната невеста се омажи за љубовта на својот живот иако е свесна дека и остануваат уште неколку недели живот. На свадбата плачеле младенците и гостите. Стотици луѓе донираа пари и помогнаа брзо да се организира венчавката бидејќи Ешли Симраџ (23) од Австралија дознала дека и остануваат само уште неколку недели живот.

Таа умира од рак, болеста е во терминална фаза и се проширила низ нејзиното тело, а таа само што почнала да живее. Не можела да оди до олтарот, немала сила, па ја возеле во инвалидска количка.

Се омажи за љубовта на нејзиниот живот
Таа се омажи за љубовта на нејзиниот живот Џејсон Хејл кој не можеше да се воздржи a да не плаче додека разменуваше завети. Плачеа и насобраните гости. Беше многу тажно да се гледа како исчезнува таков млад живот и уништен Џејсон кој знае дека долго време нема да ја има својата сакана покрај себе.

„Многу сум горд на тебе и пресреќен сум што имам можност да те наречам жена“, ѝ рекол и повторно заплакал. Овој тажен крај немаше да дојде, велат, доколку лекарите не му поставија погрешна дијагноза на девојчето во 2018 година. Имала грутка на ногата за која уверувале дека е безопасна. Но, таа беше далеку од безопасна, во неа растеше тумор.

Една година подоцна дознала дека боледува од агресивен облик на меланом кој се проширил низ нејзиното тело. Минатиот месец и рекоа дека нема спас, дека и остануваат само уште неколку недели живот, пренесува 24сата . Таа сега има рак на белите дробови, рак на црниот дроб, рак на дојка и само неколку дена од животот. Таа 2018 година им веруваше на лекарите и си продолжи со животот како да е се во ред.

Ако тогаш ја поставија вистинската дијагноза, таа немаше да биде таму каде што е денес – изјави нејзиниот татко Тони Симо, кој смета дека лекарите мора да одговараат за овој пропуст. Тој вели дека неговата ќерка не сака да се врати во болница и таму да го чека последното издишување, туку ќе биде дома.

Сакаме таа да биде опкружена со луѓето што ги сака во последните денови. Нашиот Ешли е борец и се бори да остане со нас што подолго – додаде тој. Медиумите пишуваа за нивната венчавка, а читателите плачеа обземени од таа тажна приказна.