Неговата куќа е една од најскапите во светот

Младиот богат саудиски принц откако татко му, кралот Салман, во јуни 2017 го именуваше за престолонаследник, заменувајќи го 26 години постариот роднина, после кралот стана најмоќната фигура во својата земја. Тој покрај фудбалскиот клуб Њукасл во своја сопственост го има и најлуксузниот и најскапиот дом на планетата.

Имено, тој во 2015 искеширал 270 милиони евра за раскошниот дворец на францускиот крал Луј XIV. Интересно е дека оваа сума е приближна и до онаа која ја дал за купувањето на фудбалскиот клуб. Но со оглед на тоа дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, овие трошоци се вистинска ситница за него.

Дворецот кој е завршен во 2011 е граден во стилот на француските дворци од 17 век, а целиот имот се протега на речиси 5000 квадратни метри.Поседува вински подруми, базени – внатре и надвор, како и еден посебен со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, кино, терен за сквош, соба во аквариум… Малку ли е?Дворецот е полн со скапоцени уметнички дела, а особено се издовојува сликата на Да Винчи „Салватор Мунди“ вредна 400 милиони евра која ја платил повеќе и од англискиот клуб.

Дворецот уште има и десет луксузни спални соби, насликана купола, библиотека и вински подрум со повеќе од 3000 шишиња, огромна сала за бал и останати свечености. Освен овој луксузен и раскошен дворец, Салман поседува и јахта долга 130 метри која чини 530