Неговиот татко починал пред неговиот 16 роденден, но му оставил прекрасен поклон

Една од најлошите работи што може да му се случат во животот на детето е прераната смрт на родител. Токму тоа за жал им се случи на Џонатон од Мичиген и неговата сестра Чендлер Меј. Овој млад Американец и љубител на метал музиката го загуби својот татко два месеци пред неговиот 16-ти роденден.




Кога наполни 16 години, на Џонатон сигурно не му се слави, а уште помалку, сигурни сме, да размислува за подароци.




Меѓутоа, неговиот сега починат татко однапред размислувал за ова. Што точно се случило опишала сестрата на славеникот на Фејсбук во објава која ја споделиле неколку стотици илјади луѓе.




Денеска на мојот помал брат му е 16 роденден и првиот роденден кој го прослави без татко му. Пред околу еден месец, го оставив на неговите часови по гитара, а еден од неговите инструктори ми рече дека треба да видам нешто. Кога ми покажа, паднав на колена, едноставно не можев да верувам. Но, тоа го чував во тајност до неговиот роденден, напиша Чендлер Меј на Фејсбук.




– Утрово се разбудив, го зедов брат ми од училиште и му ставив превез на очите. Го однесов до музичкиот центар, а што се случи можете да видите на видеото. Среќен роденден за тебе пријателе. Тато е многу горд на тебе. Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да опишат, ја завршила својата објава сестрата на Џонатон.




Нивниот татко му купил гитара на Џонатон неколку дена пред неговата смрт и му приредил изненадување кое ќе го памети до крајот на животот.