Некогаш најтешкиот тинејџер денес непрепознатлив, ослабел 546 килограми


Калед Мохсен Шаери некогаш беше познат како најтешкиот тинејџер на светот со 609 килограми, а сега, 12 години подоцна, тој е речиси непрепознатлив. Благодарение на строгата диета и вежбањето, Калед успеа да ослаби неверојатни 546 килограми.

Младиот човек бил примен во болница во 2013 година на иницијатива на починатиот крал Абдула. За да го пренесат во болница биле ангажирани 30 лица медицински персонал и припадници на цивилната заштита. За таа прилика од САД е нарачан специјален кран, кој на крајот бил пренесен во болница со помош на медицински авион.

Три години подоцна, беше споделено видео на кое се гледа дека Калед конечно ги прави првите чекори со помош на шетач.

Калед денес има 63 килограми, а неговата трансформација за многумина е неверојатна.