Неколку вицови за поубав почеток на денот

После месец дена во врска, девојката го прашува својот дечко: Кога планираш да ме запознаеш со семејството?
Па, тоа е малку тешко. Децата се на школо, сопругата е на работа!




Трпана ја застанале на улица да одговори на анкета: Добар ден Госпоѓо, дали сте мажена? Да. Според Вас, што е најважно во бракот? Дефинитивно вниманието… А зошто вниманието?
– Па морам да внимавам да не ме фати маж ми!




Го застанала полиција Трпе и му се обраќа: Господине, возачка немате, прва помош немате, појас немате… Кажете што имате? Имам 50 евра.
– Па така кажете, човек треба со клешти да ви ги вади од џебот…




Трпана лута му се дере на Трпе: Ѓубре едно! Си спиел со сестра ми! Ама не е така, се збунив ве помешав… Па како успеа бе? Јас сум црнокоса а таа е русокоса?
– Ама презимето ви е исто.




Разговараат Цвета и Трпана: Трпано, ти за „прв“ пат тоа го направи од љубов или за пари?
– Од љубов секако, 10 евра пари ли се?