Необична врска: Девојката има 19-годишна поќерка, а пред тоа и била дадилка

Кристл Кајтур (29) како тинејџерка работела како дадилка и чувала многу деца. Меѓутоа, се се променило кога се заљубила и се омажила за таткото на девојчето кое го чувала, кој е 20 години постар од неа. Таа сподели видео на TikTok во кое ја сподели својата приказна и шокираше многу корисници.




Поранешната дадилка објаснила дека е во брак шест години, и дека тој се развел кога се запознале и се заљубиле еден во друг. Покрај новиот сопруг, Кристл имала и поќерка, девојка на која порано и била дадилка, а денес има 19 години. „Иако биолошки не е моја – таа е моето мало девојче и јас ја сакам“, вели Кристл.




Таа додала дека има свој син, од претходната врска, по породувањето на 18 години, но и дека нејзиниот сопруг има одлични односи со него и го прифатил како свој син. Нејзиното видео брзо стана вирално на социјалните мрежи и собра повеќе од два милиони прегледи, а многу корисници во коментарите се шегуваа на сметка на нивниот брак.




„Секогаш паѓаат на дадилката“, коментира еден корисник, додека друг додал: „А сега ја чуваш неговата ќерка потполно слободна
@krystlekayture We did this exact dance a year ago and clearly we have not improved. 😂 #XfinityFanthem #stepdaughter #stepmom #viral ♬ Ice Me Out – Kash Doll