Неопислива среќа: Човек кој одгледува какао за прв пат во животот пробал чоколадо (ВИДЕО)

Брегот на Слоновата Коска е најголемиот светски производител на какао, храната од која се прави чоколадото, а многу фармери кои цел живот работат на плантажите со какао никогаш не го пробале тој деликатес.




Многумина сметаат дека чоколадото е универзално уживање во кое уживаат сите луѓе. Сепак, тоа не е.
Има луѓе кои никогаш не пробале чоколадо, а си го кршат грбот и се потат работејќи на плантажите со какао, кои го продаваат за ништо.




На видеото се гледа човек кој за прв пат во животот јаде чоколадо, а цел живот одгледува какао.
„Не знам што се прави од какао, преживувам со одгледување какао и знам дека од него прават храна, но никогаш не сум го видел, па не знам ни дали е вистина“, вели земјоделец.




А кога доби чоколадо и го проба за прв пат во животот, лицето му светна.
„Добро е, многу слатко. Не знаев дека какаото е толку вкусно“, рече тој.




Чоколадото подоцна го пробале и другите селани, кои никогаш во животот немале можност да го пробаат, со оглед на тоа дека овој деликатес во нивната земја е луксуз, а редот чоколади чини две евра.
А, Алфонс, фармерот кој за прв пат проба чоколадо, заработува по седум евра дневно, од кои храни 15 членови на семејството и плаќа четворица работници.




Земјоделците биле воодушевени и не можеле да поверуваат дека чоколадото е направено од какао, па ја зачувале обвивката за да им ја покажат на своите деца.
Погледнете ја репортажата од Брегот на Слоновата Коска.