Непланираното бебе стана нејзино чудо: Ми покажа дека имам повеќе сила отколку што мислев

Непланирано бебе со џуџест раст стана нејзино чудо. Оваа мајка сведочи како го променила својот живот. Оваа мајка имала совршен живот и го живеела „американскиот сон“ со сопругот и трите деца, но потоа дознала дека е бремена со малата Марли и почнале нејзините стравови. Растејќи, таа никогаш не сакала да има деца и сопруг. Сакала да украсува колачи, а родителите ја поддржувале во се.

Кога пораснала тој сон го немало, но чувствувала празнина бидејќи ништо не можело да го замени. Се омажила на 18 години, а на 19 го посакувала своето прво дете. Таа рече: „Почнавме да основаме семејство затоа што претпоставував дека тоа е следниот правилен чекор во животот. Имав 19 години и сакав дете поради сите погрешни причини“. По 6 месеци, таа сè уште не можеше да забремени и почна многу да се плаши. Но, набрзо открила дека е бремена. Беше многу среќна две недели додека не почна да крвари. Сфатила дека можеби и дошол крајот на нејзиниот сон

Мислела дека овие промени се нормални, но кога поради болки и крвавење завршила во итната медицинска помош, сфатила дека можеби и дошол крајот на нејзиниот сон. Таа додаде: „Се сеќавам дека се разбудив за да закрепнам и се чувствував изгубено бидејќи моето тело не можеше да го направи единственото нешто што требаше да го направи“. „Бев лута на Бога поради сето ова. Следеа месеци на тестирање, по што ми беше кажано дека имам само 12% шанси да имам дете. Иако му го свртев грбот на Бог, се молев колку што можев пред секој тест за бременост и плачев на секој негативен тест.

По една година повторно забременив. „Се надевав дека тоа не е ектопична бременост како првиот пат“, рече таа. Била пресреќна бидејќи мислела дека конечно се ќе си дојде на свое место, но после 9 недели повторно доживеала спонтан абортус. Во 2012 година, по неуспешниот обид за вештачко оплодување и разни лекови за плодност, таа дозна дека е бремена. „На крајот на 2012 година се роди мојата прва ќерка. Тоа беше лудо искуство кое заврши со итен царски рез, но вредеше. Се чинеше дека повторно сум на вистинскиот пат.

Животот се промени во текот на следните неколку години. Не бев задоволна од тоа каде сум во животот, па се најдов себеси како самохрана мајка која се обидува да го завршам факултетот на 24 години. Кога дипломирав најдов работа и сè помина добро. Бев среќна и можев да се грижам за себе и за ќерка ми. Тогаш Џонатан влезе во мојот живот“. Џонатан бил самохран татко со кого оваа мајка веднаш кликнала. Беше љубов на прв поглед. Нивниот живот беше прекрасен, а бидејќи имаше и една ќерка, одлично се сложуваа. Почнаа да зборуваат за друго бебе.

„Решивме веднаш да почнеме да се обидуваме во случај да бидат потребни години. На наше изненадување, само 3 месеци подоцна бев бремена. Изгледаше како чудо бидејќи претходно имав големи проблеми. Во 2017 година се роди нашиот син и нашето семејство беше комплетирано. Се преселивме во поголема куќа и се беше прекрасно“. Како што растеа децата, работите стануваа малку потешки. Оваа мајка почнала да се моли за водство и сила и не го чувствувала тој внатрешен мир како порано.

И во 2019 година дојде уште една вест – таа повторно беше бремена. „Бев исплашена бидејќи не знаев како е можно затоа што пиев апчиња. Ме фати паника од помислата на друго бебе, па дури и размислував да го дадам на посвојување, но Џон ме смири“. Набрзо дознала дека ќе роди девојче кое го нарекла Марли. Сакав да се откажам од тој живот што расте во мене. „Ја земав бременоста здраво за готово, но се чувствував виновна затоа што размислував да се откажам од тој живот кој расте во мене“, рекла мајката.

На еден ултразвук, лекарите и рекле дека нозете на бебето изгледаат малку пократки. Мајката им рекла дека е така и со нејзиниот син, но дека сега е се во ред. Оваа мајка во 38-та недела од бременоста доживеала полесна сообраќајна несреќа и отишла на преглед. Потоа и рекле дека мислат дека нејзината ќерка има проблем со растот. И беше кажано дека може да отпатува до клиниката и да се тестира или дека може да почека. Мајката решила да почека. Таа сепак мислеше дека е исто како и со нејзиниот син.

По само 4 дена почнало нејзиното породување. Со тешкотии се породила по природен пат. Таа се присети: „Кога ја ставија на моите гради, сè дојде на свое место“. Никој ништо не и кажал до следното утро. Тогаш педијатарот и рекол дека е можно нејзиното бебе да има џуџест раст. Мајката цела ноќ барала информации за тоа, ги нашла Little People of America и се трудела да собере што повеќе информации. Марли закажала преглед со специјалист кога имала само 3 недели. Прегледот бил долг и лекарите сакале да дознаат се за неа и за Џон. Направија тест и и рекоа да дојде за 6 месеци.

Тогаш мајката решила да почне да се моли за водство. Следниот ден се сетила дека на само 3 часа од нив живее лекар и веднаш во солзи се јавила на клиниката. Неколку дена подоцна добила повик кој променил сè за Марли. ѝ се јави д-р Пеги. „Пеги одговори на сите мои прашања и грижи што ги имав. Решивме после неколку недели да дојдеме на преглед за деца со џуџест раст. Испитувањето вклучуваше брзо скенирање, проучување на спиењето, а следниот ден имав разговор со д-р Легара. Таа беше здив на свеж воздух во мојот несигурен свет“.

Докторката и објаснила се што ја интересирала и на Денот на вљубените Марли отишла на својата прва операција на ‘рбетот на само 8 недели. Нејзиното непланирано бебе стана нејзино чудо. Таа заклучи: „Преку сето ова сфатив дека станав подобра мајка, подобра застапничка, таа ми покажа дека имам повеќе сила отколку што мислев. Научив многу додека таа учеше за светот и наоѓаше сопствени начини да ги прави работите. Ме восхитува секој ден со својата сила, со нејзината смеа, а дупките на нејзините образи ми го одземаат здивот.

Марли ми даде сила да правам работи кои претходно ги сметав за невозможни Сакам да создадам подобар свет не само за ќерка ми, туку и за оние кои дојдоа пред неа и кои ќе дојдат по неа. Можеби не ме направи мајка, но ме направи подобра личност. Таа е чудо за кое не знаев дека ми треба – заедно ќе ја надминеме секоја препрека и не можам да се соочам со сето она што не чека во иднина“.