Нешто незамисливо, а воедно и најмило: Маж и гепард се најдобри пријатели (фото)

Гепардот Габриел го обожава Долф и постојан го лиже по лицето и го прегрнува со шепите.

Долф си Вокер (50) го сретнал Габриел во центарот за згрижување на гепарди во Јужна Африка, каде со прекини волонтирал 4 години.
Се запознале кога гепардот Габриел имал само 8 месеци и брзо формирале специјална врска. Долф со рака го хранел младенчето и лежел до него.

Тој вели дека треба навистина долго време за да формирате врска на доверба со диво животно.

Долф отсекогаш сонувал да се спријатели со некој предатор и сега има таков пријател и секој пат кога оди во центарот во Јужна Африка, Габриел го прегрнува со шепите и го лиже по лицето.

„Габриел се сеќава на специјалната врска што ја имавме додека беше мал и ги памети работите што ги правев за него“, вели Долф.

Сега Долф живее во САД, но оди и го посетува Габриел. Сепак, првиот миг секој пат е внимателен затоа што гепардот е диво животно.

Минатата година тој успеал официјално да го купи Габриел и да стане негов сопственик и со тоа да му бидат дозволени регуларни посети кај него секој пат кога ќе допатува од САД.