Нејзиниот свекор починал, а потоа стигнала ПОРАКА – Не можев да ги запрам солзите

Дека на светот се уште има внимателни и добри луѓе најдобро говори случајот со оваа жена која за жал го изгубила свекорот. Во морето на тага нашла разбирање од сопственикот, а како што истакнала била прилично изненадена од неговата порака.

Имено, една жена ја споделила својата исповед на Интернет и открила каков гест доживеала од својот сопственик, откако и починал свекорот. Како што раскажала, неговата порака ја оставила во солзи. Алексис Арлин ја сподели пораката што ја доби семејството по тажната вест за смртта на член на нивното семејство.

Пораката гласеше:
Здраво. Сакав да ви се заблагодарам вам и на вашето семејство што бевте одлични сите овие години. Исто така сакав да изразам сочувство за загубата на вашиот свекор. Знам колку ти е тешко во моментов и сакам да ти покажам некаква благодарност и сочувство и да те ослободам од плаќање на киријата за овој месец – напиша тој.

Алексис додаде:
Оваа порака не расплака. Го замолив Бог да ни испрати барем една добра вест овие денови. Знаев дека тоа нема да го врати свекор ми, но барем малку ќе ни олесни. Ние сме му исклучително благодарни – напиша таа