Не верувам во Бог и немам мајчински инстинкт – за се се изборив со мојот талент, упорност и работа

“Животното дело звучи толку прекрасно! Претпоставувам дека сè уште сум жива, па ги исполнувам условите. Но, искрено, секое мое достигнување е резултат на мојата мантра, која гласи: дојди на време и не биди кретен !” Целиот нејзин говор, кој ги воодушеви присутните, можете да го погледнете во ова видео:

Хелен Мирен е родена на 26 јули 1945 година како Јелена Лидија Васиљевна Миронова. Нејзиниот татко бил Русин, а мајка и Англичанка. Таа важи за една од најелегантните актерки во Холивуд. Кариерата ја градеше исклучиво со талент, упорност и работа. Токму поради кариерата, нејзиниот приватен живот многу настрада. Хелен Мирен се мажи дури на 52-годишна возраст со нејзиниот долгогодишен партнер Тејлор Хекфорд. Никогаш не сакала да има деца бидејќи мисли дека нема мајчински инстинкт.

Неколку пати изјавила дека не верува во Бог, но затоа уште од мала верувала во суштества како самовили и џуџиња. Живеела со актерот Лијам Нисон четири години, пред да го запознае нејзиниот сегашен сопруг Тејлор.Ова се нејзините изјави кои ја покажуваат вистинската личност на Хелен Мирен: За неа: Големиот трик е да научите да живеете со тоа што сте познати по тоа што сте кул и гламурозни, а не дека сте прекрасни.

За Оскарите: Сè што треба да направите е да изгледате како гомно во филм и сите да мислат дека сте одличен актер. Всушност, се што си направил е да дозволиш да изгледаш како гомно. Се продава месо. Луѓето не сакаат да гледаат слики од црква. Сакаат да видат голо тело.

За титулата дама: Во Англија тоа е голема работа. Мислам дека тоа е голема чест. Но, морав сериозно да размислувам за тоа неколку недели. На крајот и подлегнав на гордоста.

За нејзиното барање да ја интервјуира новинар, а не новинарка: Повеќе сакам да работам со новинари, бидејќи има голем број новинарки кои се вистински кучки – злобни и гадни затоа што си друга жена и сакаат да се чувствуваш како гомно. Сето тоа е вознемирувачко. Јас сум многу внимателна кога ме интервјуира жена бидејќи секогаш чувствувам дека таа крие нож зад грбот.