Не е само за врата што крцка: За што може да се користи легендарниот WD-40?

WD-40 е американска компанија која произведува хемикалии за домаќинство, а нејзиниот најпознат производ е течност за прскање која се користи за подмачкување, одмастување и ред други работи. Спрејот е измислен во 1953 година, а неговото име буквално значи истиснување вода, 40-та формула.

Најчесто се користи за подмачкување на шарките на вратите, но многумина го користат и за долгорочни цели.

Отстранување налепници: Овој спреј е одличен за отстранување на остатоци од лепливи етикети од стаклените површини. Едноставно испрскајте и отстранете го лепилото со остар предмет.

Отстранување на дамки од пастелни боички: Овој трик особено ќе им се допадне на луѓето со деца. Имено, спрејот лесно ќе ја отстрани извалканата дрвена врата, а потоа местото едноставно се брише со крпа. Исто така, ќе ги отстрани отпечатоците од дрвените површини.

Водоотпорни чевли: Ако сакате вашите чевли да бидат водоотпорни, користете спреј WD-40 кој едноставно се прска врз чевлите и потоа се брише со крпа.

Рѓосани ножици: Ножиците кои се ‘рѓосани и не се сечат добро, лесно ќе станат повторно функционални доколку се испрскаат со овој спреј.

Го враќа сјајот: WD-40 ќе го врати сјајот на површините од нерѓосувачки челик, како што се вратите на фрижидерот или машините за миење садови.

Против инсекти: Може да се користи и за површини каде што доаѓаат инсекти, а откако ќе се нанесе спрејот ќе ги снема. Друга предност е рокот на траење на овој производ, кој всушност е неограничен, иако официјалниот рок на траење е пет години.