Не е чудо што Тито го сакаат и денес: Во негово време работникот бил најзаштитен, народот бил законот

Во тоа време никој не прашувал за националност, материјалниот статус не бил важен, а луѓето се ценеле по карактерните особини.




Многумина со носталгија се сеќаваат на СФРЈ и нејзинот доживотен претседател Јосип Броз Тито, а главна причина е посебниот однос на државата кон работниците кои биле максимално заштитени.
Во тоа време, не биле ретки приказните на луѓе кои од квалификувани работници дошле до директори на една работна организација. Вработените добиваме бонови за топол оброк, па се хранеле во ресторани за социјална исхрана или на киосци со виршли.




Во СФРЈ се сметало природно да на вработените им биде платен топол оброк.
Работното време било од 7 до 15 часот, со пауза која обично се поминувала во споменатите ресторани за социјална исхрана. Сабота и недела биле неработни денови, освен за оние работни организации кај кои природата на работата бара да се работи и преку викенд.




А за годишните одмори, тука воглавно биле работничките одморалишта под капата на организацијата на синдикатот.
Можело да се плаќа на рати во текот на годината, па тој семеен годишен одмор бил сосем нормална работа и ретки биле оние кои посетиле некои од тие примарно наречени – работнички одморалишта.




Платите воглавно биле исплаќани готовински во внатрешноста на самото предпријатие. Парите биле приложени во посебно плико на кое биле наведени основните генерални информации за вработениот и останатите податоци поврзани со пресметката на платата.




Без поголеми проблеми можеле да се користат неплатени одсуства, боледување, а систематските лекарски прегледи биле задолжителни и спроведувани во сите претпријатија.




Во случај на несреќа, работникот имал право на бесплатен по греб. Доколку несреќата се случила за време на работниот век, а не во текот на пензијата, во истата работна организација веднаш се вработувал некој од членовите на најтесната фамилија се со цел на нејзините членови да им се овозможи и понатаму да имаат финансиски приходи.