Не им дозволувам на свекрва ми и свекор ми да го видат внучето – Еве и зошто!

„Се омажив за човек од богато семејство. Го сакам и го обожавам животот со него За односите меѓу членовите на семејството, особено по доаѓањето на новиот член, може да се разговара со часови, денови, можеби и недели. Ги има секакви, од хармонични до целосно деструктивни и катастрофални.

Но, што треба да се случи за една снаа да не дозволи бабата и дедото никогаш да не го видат своето внуче? Една жена, која сакаше да остане анонимна, ни ја откри причината за ваквата одлука:

„Се омажив за човек од богато семејство. Го сакав и го обожавам животот со него. Не живееме со неговите родители, сакавме да бидеме самостојни, сами, да имаме слобода. Од самиот почеток на планирањето на нашиот заеднички живот, се договоривме дека сакаме да имаме своја куќа, па и двајцата тргнавме кон таа цел. Го штедевме секој денар. И двајцата работевме, со години не одевме на одмор, ниту си дозволивме некој поголем шопинг или луксуз.

Колку и да се трудевме, не беше доволно да учествуваме. Поради сето ова ја одложивме и бременоста. Сакавме да имаме барем нешто свое кога ќе дојде бебето, иако тоа ќе биде на кредит. Во една прилика ги посетивме родителите на мојот сопруг и по којзнае кој пат не прашаа кога ќе добијат внуче. Искрено рековме – кога имаме свој покрив над глава. Рековме и дека немаме доволно пари за учество. Свекрвата само „сочувствително“ одмавна со главата. Можеа да ни дадат. Се преправаа дека не сваќаат.

Еден месец подоцна, дознав дека сум бремена. Не планиравме, но не можев да абортирам. Решив да одам кај свекрва ми и кај свекор ми и директно и без двоумење да ги замолам да ни позајмат пари.

Јас и мојот сопруг им ја кажавме радосната вест, на нивната среќа и немаше крај. И тогаш им кажавме дека ни требаат пари за аванс. Лицата наеднаш се сменија, немаше место за среќа поради внучето Свекрвата праша од каде ни е идејата дека имаат толку пари. Го завршивме разговорот.

После еден месец, свекор ми беше пресреќен и му соопшти на мојот сопруг (неговиот син) дека конечно купува џип. Бев навредена до срж. Тогаш му кажав на мојот сопруг дека неговите родители нема да го видат внучето. И тој се согласи. Неговиот ум му кажал едно – дека не го заслужиле, а душата му кажала нешто друго – да прости.

Како да им дозволам да го видат? Заради тоа дете баравме пари на заем, а тие сакаа нов џип. Не, тие не беа без автомобил, претходно имаа совршено добар автомобил! Не сакам моето дете да запознава вакви роднини. Бременоста брзо помина, се породив, а сепак се надевавме дека неговите родители ќе се предомислат и дека ќе ни дадат пари и ќе го донесеме детето во нашата нова куќа. Тоа не се случи.

За шест месеци успеавме да акумулираме доволно за аванс и земавме кредит за куќата. Но, мојата желба да не ги оставам свекрвата и свекорот да го видат детето, секој ден е се посилна. Зошто му се такви баба и дедо на моето дете?

Секој ден се сеќавам како џипот им беше поважен од внукот и синот и едноставно не можам да се откажам. И нема“, заклучува оваа жена.