Не мие гајле што ме изневерува, ова ме уништи! Му пронашла 85 пораки во мобилниот телефон и ја дознала вистината – Тоа е полошо од изневерување

Девојката во телефонот на своето момче пронашла 85 пораки кои биле испратени до други жени, но решила да раскине од неочекувана причина. Дали некогаш сте се запрашале што може да биде полошо сознание од фактот дека вашиот партнер ве изневерува? Ако нешто ви падне на памет, веројатно не сте ни помислиле дека може да биде фактот дека нема со кого да ве изневерува.




Токму во оваа ситуација се нашла една девојка, Тори, која го споделила своето искуство со својот партнер на TikTok. Имено, таа решила да го провери телефонот на своето момче и првиот шок дошол кога видела дека дури 85 жени пратиле пораки. Меѓутоа, откако сфатила дека ниту една од жените не била во искушение да и го „украде“ партнерот, Тори била изненадена, но во негативна смисла.




„Што е понепријатно и разочарувачки од тоа да погледнете во телефонот на маж и да дознаете дека ве изневерува? Тогаш преку телефонот на вашиот маж дознавате дека не може да ве изневери. Замислете да дознаете дека се обидува да ве изневери, но не успева бидејќи ниту една жена не го сака. „Не би му го посакала ова на мојот најголем непријател“, рече таа.




Никој не сакаше да биде со него, тоа ме погоди“, изјави Тори. Во коментарите имало изјави на жени кои истакнале дека се нашле во слична ситуација, додека некои ја осудиле Тори што го оставила партнерот, кој, како што велат, „на крајот испадна верен.