„Никогаш нема да те пуштам“: Мама објави видео од средбата на двете сестрички, го стопи интернетот

Многумина се согласија дека ова видео е едно од најслатките што некогаш имале можност да го погледнат. Моментот кога тригодишната Моли ја запознала својата новородена сестра Кора ги стопи и најтврдите срца.

Мама Хедер Конли го објавила на социјалните мрежи моментот кога ги запознала двете сестрички вп болницата.

Моли ја зеде Кора во раце, нежно ја галеше по лицето, се бакна и рече: „Тукушто излезе од стомакот на мајка ти. Нема да испаднеш. Никогаш нема да те пуштам“.

Мама ја предупреди Моли да биде нежна, а таа тоа го сфати сериозно и не ја испушти. Заљубено ја погледна и и подари неколку бакнежи.

Корисниците на социјалните мрежи се согласија дека ова видео е едно од најслатките што некогаш имале можност да го погледнат.