Никој не верувал дека има толку години. Почина најстарата жена во светот


Жената од Филипини, Франциско Сузано, за која се верува дека е најстарата на светот, почина на 124-годишна возраст. Градскиот службеник за информации за јавноста Џејк Гонзалес за медиумите изјави дека причината за смртта на старицата се уште не е позната.

Нејзината внука изјавила дека Франциска се пожалила на проблеми со дишењето, но дека се чувствувала подобро по масажата со масло, пренесува News info. Мајката на 14 деца, од кои само осум се уште се живи, е родена на 11 септември 1897 година, кога Филипините сè уште биле шпанска колонија.

Таа требаше да биде запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстарата жена на светот, но членовите на нејзиното семејство не ги исполнија сите услови.