Лиза и Роберт ја планираа својата свадба од соништата со многу гости, храна, песни и танцување. Но, нивните планови одеднаш се сменија. Откако донеле одлука да се венчаат, Лиза Вилсон и Роберт Пантоја планирале голема свадба. Но, еден ден невестата веќе не била заинтересирана за некои големи планови.

Одлучила венчавката да не се одржи во големата сала како што си замислиле, исто така повеќе не сакала голем број гости. Наместо тоа, таа сакаше венчавката да биде значајна за неа и за семејството на Роберт, особено за нејзиниот татко. Таткото на Лиза бил хоспитализиран поради рак. А венчавката без татко и беше последното нешто што таа сакаше.

На крајот на краиштата, тој беше личноста која и го даде животот, ја научи да вози велосипед и ја поддржуваше во добрите и лошите моменти од нејзиниот живот. Размислувала како нејзиниот татко да присуствува на венчавката и тогаш дошла до идеја која ќе реши се. Лиза и Роберт ќе се венчаат во болницата каде што е сместен нејзиниот татко.

Лиза не можеше да ја замисли својата венчавка без него, па таа и Роберт ги разменија заветите во болничката соба на нејзиниот татко. И после тоа го заиграа нејзиниот прв танц заедно. „Му реков, тато, сакам да го имам првиот танц со тебе“, ми рече, „Но, не можам да танцувам“, на што му одговорив: „И не мора, ќе танцуваме со нашите раце“, изјави Лиза за CBS.

Гледајќи ги овие слики, невозможно е да ги задржите солзите. Начинот на кој Лиза и нејзиниот татко се гледаат е убав и исполнет со љубов. Ова се ситуациите што ги прават семејствата толку прекрасни. Погледнете ја прекрасната венчавка на Лиза и Роберт во видеото подолу.