НИКОЈ НЕ ИМ ВЕРУВА ДЕКА СЕ МАЈКА И ЌЕРКА! Сите мислат дека се СЕСТРИ БЛИЗНАЦИ, па дури и излегуваат со момчиња

Оваа 44-годишна жена има возрасна ќерка и истакнува дека најмногу и се додворуваат помлади мажи. Помлади ме канат на состаноци, но јас главно ги одбивам сите.

Имам впечаток дека направија лажна слика за мене врз основа на мојот Инстаграм профил – вели Џоли, која има возрасна ќерка.

Иако пред 14 години се разведе од сопругот, Џоли не се откажува од мажите, па често излегува со својата ќерка. Кога помлади мажи ме канат на состанок, мислам дека е исто толку ласкаво кога се на мои години. Мислам дека е потребна голема храброст да му пријдеш на некого и да го замолиш за средба.

Мислам дека помладите мажи се повеќе склони да фантазираат за тоа како е да излегуваш со постара жена, додека постарите мажи се прагматични – заклучува таа. За мене годините не се проблем, но сакам да најдам некој со кој ќе пораснам, да станам подобра. Не сакам да излегувам со некој кој сака само да се забавува.

Преферирам амбициозни, мотивирани мажи, полни со самодоверба… Мора да може да придонесува финансиски, но и емотивно. Тој мора да сака кучиња, бидејќи јас имам златен ретривер. Мора да биде отворен, но и физички активен. Тоа ми е важно – вели Џоли!