Оваа баба има деменција и често заборава да пие вода, а изумот на нејзиниот внук може да и го спаси животот

Оваа баба има деменција и често заборава да пие вода, што е многу опасно бидејќи може да доведе до дехидрација. Нејзиниот внук смислил генијален изум кој може да и помогне. Луѓето со Алцхајмерова болест и други форми на деменција често дехидрираат. Понекогаш забораваат да се напијат вода, не можат да ја најдат, мислат дека не се жедни или не уживаат во неа. Но, тоа води до дехидрација, што може да има сериозни последици.

Луис Хорнби, студент од Англија забележал дека од овој проблем боледува и неговата баба која има деменција. Како иден пронаоѓач, тој го виде овој проблем како можност да им помогне на многумина. Тој решил на креативен начин да ја направи водата поинтересна за пациентите.
„За многу луѓе со деменција, симптомите на дехидрација често се занемаруваат бидејќи се чини дека се последица на нивната болест, но по некое време, дехидрацијата може да стане опасна по живот. Пред една година баба ми заврши во болница поради тешка дехидрација. За среќа, по 24 часа инфузија, таа се врати на своето старо јас и сè уште ужива во животот“.

Луис се консултирал со неколку психолози и поминал една недела во дом за стари лица проучувајќи ги луѓето со деменција за да измисли „јадење“ вода. Својот изум го нарекол „Jelly Drops“, а станува збор за мали капсули за јадење кои изгледаат многу примамливо, но ја содржат водата неопходна за хидратација.

На пациентите, кои претходно одбивале храна и пијалоци, навистина им се допаѓаат овие примамливи задоволства.

Луис вложил многу труд и за изгледот на амбалажата за на пациентите да им биде лесно да ја отворат кутијата и овие капсули секогаш да ги привлекуваат. „Првиот пат кога и ги дадов капсулите, баба јадеше 7 од нив за само 10 минути“, вели Луис, „Тоа е како да пие чаша вода што таа вообичаено ја одбива со часови и часови“.

Неговиот специјален изум веќе освои многу награди. Сега многу домови за стари лица ги користат овие капсули за да им помогнат на своите пациенти со деменција.

Секоја чест за овој млад пронаоѓач кој реши да ја искористи својата дарба на креативност за да им помогне на другите. Погледнете го и видеото на кое бабата на Луис за прв пат пробува капки со желе.