Оваа стара баба со одговорот што и го дала ја посрамотила девојката во автобусот

Одговорот на една баба навистина ја спушти на земја оваа девојка. Еве за што се работ:

Една баба седела во автобус до една истетовирана девојка. Бабата гледала во тетоважата на вратот на девојката.

На девојката тоа и засметало и дрско ја запрашала бабата: Што е, зарем во твое време немало тетоважи? Зашто зјапаш?“

Бабата на тоа и одговорила: „Во мое време имаше се и сешто. 30 години поминав во Азија, потоа предавав кинески на факултет. Но тоа што не можам да го сфатам е зашто на вратот ти пишува со кинески букви: „Еднаш одмрзнато не се замрзнува повторно?“