Фотографијата на која се наоѓа бандитот од Дивиот запад Били Кид, за која еден колекционер платил два долари во продавница за стари работи, сега вреди повеќе од 2,3 милиони долари.

Станува збор за фотографија на Хенри Мекарти или попознат како Били Кид, а автентичноста на фотографијата е потврдена. На сликата се гледа како Били Кид со својата банда Регулатори „Regulators“ игра крикет во 1878 година, некаде во Ново Мексико.

Обелената фотографија ја пронашол колекционерот Ренди Гихаро во 2010 година, во продавница за стари работи во градот Фресно во Калифорнија.

Фотографијата ја платил 2 долари, а се проценува дека сега може да вреди многу повеќе, зашто единствената фотографија од Били Кид од 1880 година е продадена за 2,3 милиони долари.

Автентичноста на фотографијата е потврдена од компанијата Кагин што е специјализирана за предмети од американската историја.

Експертите од компанијата го идентификувале Били Кид заедно со уште неколку членови на неговата банда, како и неколку негови пријатели и членови на неговото семејство.