ОВА Е МОЈАТА НАЈТЕШКА ОПЕРЦИЈА: Неверојатната приказна за онколог кој работел 18 часа за да спаси девојка од сигурна смрт (ВИДЕО)

Никој не сакаше да оперира девојка која четири години се бореше со рак на белите дробови, а потоа реши да направи уникатна операција
Евгениј Левченко е торакален хирург, раководител на одделот за онкологија. Во текот на својата кариера спасил стотици луѓе од сигурна смрт.
Тој за руските медиуми ја раскажа приказната за својата најтешка операција. Тоа се случило во 2009 година, кога оперирал седумнаесетгодишно девојче, кое дотогаш ниту еден хирург не сакал да ја оперира.




Операцијата траела 18 часа, додека лекарот отстранил 42 метастази од левото белодробно крило.
Но, хирургот знаел дека останале многу туморски клетки кои е невозможно да се видат, но сигурно ќе пораснат по некое време. Потоа решил да го поврзе методот на изолирана хемоперфузија. Ова е начин на лекување на белите дробови со концентриран состав на хемиски лекови, додека органот е исклучен од општиот проток на крв. Оваа технологија е заштитена со авторски права, патентирана од NRC Oncology.




„Концентрацијата на цитостатици во такви операции е стотици пати поголема отколку во хемотерапијата со високи дози“, вели хирургот. “За да се убијат нереализираните метастази. Потоа во рок од половина час, белите дробови се измиваат од цитостатиците и повторно влегуваат во општиот проток на крв. Самата техника е многу сложена”, признава докторот.
Така, тим од лекари предводени од Евгениј Левченко направија уникатна операција и го спасија животот на младата девојка.




Таа 4 години се бореше со ракот, беше подложена на тешка хемотерапија и имаше неколку комплицирани операции.
Хирургот признал дека ракот е сосема непозната болест. Не е познато зошто клетките на ракот одеднаш почнуваат да растат брзо кај луѓето. Не е јасно зошто едно лице веднаш напредува во третманот, а друго не. Но, медицината се подобрува, оние видови на рак кои беа неизлечиви пред 20 години сега се излечиви во 90% од случаите.




Целото семејство на овој хирург е посветено на борбата против ракот: неговата сопруга е хемотерапевт, со оваа професија се занимава 20 години, а најстариот син Никита е торакален хирург, додека најмладиот син Валериј работи на онколошкиот оддел. .
„Чувствувам дека не сум залудно на овој свет. Среќен сум затоа што можам да им помогнам на луѓето да останат на овој свет без болести и страдања“, вели докторот.




По оваа операција, споменатиот пациент се вратил во нормален живот, а болеста досега не се повторила.