ОВА Е НАЈУБАВОТО ШТО ЌЕ ВИДЕТЕ ДЕНЕС: Погледнете како куче „спасува“ девојка од брановите

Храброто куче Матјас влегло во морето со внуката на својот сопственик, а кога мал бран го соборил девојчето, кучето тоа го сфатило како голема опасност за неа и нежно ја фатило за кошулата и ја влечело кон брегот.

Сè беше интересно за малото девојче и таа се смееше додека Матијас ја влечеше по себе, но тој многу сериозно ја сфати својата задача да ја заштити од непредвидливите бранови.

Снимката е направена пред 2месеци недалеку од Gouville-sur-Mer во Франција, а досега е прегледана повеќе од милион пати.

„Прекрасно е да се има толку паметно куче наоколу, тој се грижи за неа подобро отколку повеќето возрасни“, коментира едно лице, додека друго заклучи дека „кучето е апсолутно посебно, а видеото е прекрасно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.