Ова не и требаше – Мажена жена искрено проговори за тоа дека е многу поубаво да немаш деца од колку да ги имаш

Џен во видеото со наслов „4 причини зошто го сакам животот без деца“ објасни што точно мислела со тоа Американката Тиктокер, која на таа социјална мрежа се претставува како Џен, беше буквално распната на Интернет кога реши со своите следбеници да го сподели своето мислење за семејството и желбата еден ден да стане, поточно да не стане мајка.

Таа откри дека е во брак 15 години и дека никогаш не сакала деца, а потоа ги навела и причините за таа одлука која предизвикала низа коментари. Џен во видеото со наслов „4 причини зошто го сакам животот без деца“ објасни што точно мислела со тоа.

Јас и мојот сопруг сме во брак петнаесет години. Никогаш не сме сакале деца и ова се само дел од предностите на немањето деца. Причината поради која го правам ова е само да ги нормализирам нашите ставови. Има голем притисок врз жените да имаат деца. Цел живот слушаме дека жените без деца не можат да се исполнат – ја започна својата приказна Џен и веќе со самиот вовед предизвика огромно внимание.

Приходите ни се двојно поголеми бидејќи немаме деца, па само имаме повеќе пари што можеме да ги трошиме на себе, да речеме на патувања. Ние сме многу дарежливи и со тие пари даваме приходи за добротворни цели и црква. Дури можевме да му платиме на моето семејство за првпат да оди во Европа. Ова е нешто што не верувам дека би можеле да го направат паровите кои имаат деца за чување – рече Џен, наведувајќи ги финансиите како една од клучните причини за одлуката да нема деца.

„Тиктокерката“ го посочи тоа како е уште една причина што таа и нејзиниот сопруг можат постојано да патуваат безгрижно. На патувањата не треба да размислуваме дали нашите деца одат на училиште, како ќе бидат без нас во тие денови, што прават во тој момент… Целосно си се ослободуваме од грижата за децата – таа објасни.

Џен има помали сестри, па бидејќи има искуство со нив, како трета причина го навела недостатокот на сон. Во сабота одиме да спиеме, не мора да поминуваме време на игралиште. Ги сакам моите мали сестрички како луда, но сепак сум реалена. Секоја вечер спијам најмалку осум часа, едноставно е прекрасно – гордо истакна таа.

Со четвртата причина таа го зададе последниот удар на сите мајки и татковци во светот бидејќи објасни дека нема да може да има успешна кариера доколку има наследници. Навистина успеав да се фокусирам на кариерата и веројатно тоа е главната причина зошто знаев дека никогаш не сум сакала деца. Може да имате успешна кариера и деца, но секако е многу полесно без нив – заклучила таа.

Џен наиде на голем број негативни коментари, меѓу кои беа и оние дека е нарцисоидна и себична, но и „дека не може да зборува за она за што апсолутно нема поим“. Затоа многу луѓе престанаа да ја следат на TikTok, а се случи и таа да добие неколку сериозни заканувачки пораки. Поради некои била принудена да го пријави случајот во полиција, па со денови стравувала за својата безбедност.

Пријатели, огромен е бројот на луѓе на кои им помогнав со моите пари и време, а тоа е само затоа што немам деца за да ги потрошам тие пари. „Себична“ не е збор што ме опишува – одговори таа

@jenn_lyles Normalizing not having children. #childfreebychoice #youdoyou #CatOnALeash #takeaNAIRbreak ♬ FEEL THE GROOVE – Queens Road, Fabian Graetz