Обземени од секојдневните обврски, трката по пари, обидите да го средиме своето семејство, децата – честопати знаеме да изгубиме трпение со старите, со родителите. Не посветуваме доволно внимание, а ним им е потребно толку малку. Само да се до нас!!! Прочитајте го ова писмо и не заборавајте да секој ден им кажете на постарите дека ги сакате, да им подарите насмевка или топла прегратка.. За нив тоа значи се!! Oва писмо е одамна објавено но неговата моќ не го запира да биди вирално и да допира до сите срца.

Драги сине/ќерко
Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш.
Ако се накапам додека јадам, и ако сам неможам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на сатите кои ги поминав додека јас не те научив на тоа. И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав да ти ги повторувам истите работи по сто пати.
И ако не сакам да се мијам и капам, немој да ми се смееш и да ме вреѓаш. Сети се како јас морав да те молам и да измислувам илјада причини за да успеам да те искапам тебе.

Кога ќе видиш колку не ја познавам новата технологија, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот. Ако некогаш во разговорот ја изгубам мислата, дај ми малку време за да се потсетам и ако не успеам во тоа, немој да се лутиш. Не ми е најважна работа на светот нашиот разговор, туку тоа да сум со тебе и да знаеш да ме слушаш. Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна.

Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како што јас тебе ти ја подавав кога прв пат проодуваше. И ако ти кажам дека сакам да умрам, не сакам да живеам, не лути се. Еден ден ќе ме разбереш. Еден ден ќе сватиш, дека и покрај сите мои направени грешки, ти посакував само најдобро, те сакав и пробав да те подготвам за понатамошниот живот.

Немој да бидеш тажен, не се лути и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и да ми помогнеш, онака како што јас тебе ти помагав кога почна да живееш.

БИДИ МИ ПОТПОРА, ПОМОГНИ МИ ДА ГО ЗАВРШАМ ОВА ПАТУВАЊЕ СО ЉУБОВ И СО ТРПЕНИЕ. ЈАС ЌЕ ТИ ВРАТАМ СО НАСМЕВКА И СО НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ КОЈА ОТСЕКОГАШ ЈА ЧУВАВ ЗА ТЕБЕ. ТЕ САКАМ СИНЕ/ЌЕРКО
ТВОЈОТ ТАТКО/ТВОЈАТА МАЈКА!