Од денес во Албанија едно шише масло за јадење изнесува 2,6 евра

Денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти по повисока цена. Нови цени имаат шеќерот, брашното, маслото за јадење и оризот.

Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека или 2,6 евра, килограм шеќер 123 лека, килограм ориз 104 и килограм брашно 90, 5 лека.

Трговците на големо кои нема да ги почитуваат определените цени од Одборот следува парична казна од 10 милиони лека, а пак додека трговците на мало 2 милиони лека. „Доколку се утврди повторено прекршување на одлуката, односно злоупотреба на цените, правниот субјект ќе биде затворен, а производите одземени“, стои во одлуката.

Исто така, со овој нормативен акт, меѓу другото, сите трговци се обврзани да преземат мерки и за одржување резерви за три месеци, во согласност со рокот за употреба, со цел да гарантираат нормално снабдување на населението.