Од маж без нога побарале доказ за инвалидитет, пораката од неговиот лекар ги насмеа сите

Британскиот полицаец Бен Пери, кој ја загуби ногата во несреќата, го опиша својот лекар како „легенда“ откако му напиша на советот кој одби да му даде син знак за паркирање. На Пери му беше ампутирана ногата во 2018 година, откако беше удрен од автомобил додека му помагаше на друг возач кој имаше несреќа. Тој поминал 23 недели во болница, а возачот кој го удрил подоцна бил осуден за небрежно возење, јавува Би-Би-Си.




Кога неодамна сакаше да ја обнови својата сина значка, која ќе му даде право да паркира на места за инвалиди, Советот на округот Ворчестершир го одби неговото барање, објаснувајќи дека тој мора да „поднесе повеќе докази за неговата попреченост“.Откако му кажал на својот лекар што се случило, тој напишал писмо до советот во кое наведува дека „На Пери веројатно нема да му порасне нога“.




„Бев многу изненаден кога требаше да дадам изјава за инвалидитетот на Бен. Ве уверувам дека навистина имал трауматска ампутација на долниот дел од десната нога во сообраќајна несреќа. Затоа сега има голем инвалидитет проследен со силни болки“, стои во изјавата на докторот на Бен.




„Понекогаш може сам да се движи, додека во други денови тоа го спречуваат силни болки“, додаде тој. „Би бил многу благодарен ако го земете предвид ова кога ќе се справите со неговите барања во иднина. „Малку е веројатно дека оваа ситуација ќе се промени, освен ако неговата нога повторно не порасне поради напредокот на медицината“, пишува тој.




Во меѓувреме, советот го одобри барањето на Пери, а твитот во кој овој Британец ја објаснува целата ситуација доби илјадници лајкови.
I’ve recently tried to renew my blue badge but was told I didn’t qualify for one and to supply more evidence of my disability.
After an appointment with my doctor, he composed a letter for me…
Please can we show some appreciation for this legend 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/WahKMkne9q
— Ben. (@benperry_2001) August 29, 2021