Очи во очи со бившиот: Се сретнале по 30 години, не можела да ги задржи солзите!

Тој ден седнала наспроти многу непознати и сите ги погледнала мирно во очи, но кога се појавил овој човек нејзината реакција била повеќе од емотивна.




Уметникот Марина Абрамовиќ направи настап во живо кој се состоеше од седење една минута со сосема непознати луѓе. Се појавија многу луѓе, меѓу нив и љубовта на нејзиниот живот, со која раскина пред 30 години.




Марина и Улај се видоа за прв пат по 30 години.




Во 1988 година, тие решија да ја прекинат својата емотивна и деловна врска со заедничко духовно патување. Почнаа од спротивните краеви на Кинескиот ѕид, Улај од пустината Гоби и Марина од Жолтото Море. Се сретнаа на средина, се гушнаа и се разделија. Двајцата пешачеа по 2500 км.




Ова беше очигледно емотивен и шокантен момент за неа. Како што можете да видите на видеото, уметницата ќе се обиде да остане смирена, но не успеала. Солзите сами потекоа.