„Паметни кабини“ за одмор и релаксација на патници на аеродромот во Виена

Работно место, простор за одмор или целосно опремен простор за спиење – новата услуга на аеродромот во Виена. „Паметни кабини“ за уште поголема удобност на патниците. На терминалот 3, патниците можат да ги изнајмат паметните кабини на италијанскиот старт-ап „Zzzleepandgo“.

Секоја од 16-те „Паметни кабини“ е ексклузивно место за одмор од три квадратни метри. Кабините се опремени со простор за спиење, приклучок за струја и „USB“, бесплатен „WiFi“, како и простор за складирање и маса на преклопување. Покрај тоа, сите кабини имаат мултимедијален систем кој може да се користи за емитување филмови и музика, контрола на вентилацијата, светла и завеси за затемнување.

На второто ниво на Терминал 3, патниците имаат на располагање 16 паметни кабини. За да ги користат, гостите се регистрираат директно на виртуелната рецепција во кабината каде што ги вчитуваат пасошот, кредитната картичка и сертификатот „Covid-19“.

Додека резервациите може да се направат и однапред на интернет.

За време на периодот на изнајмување, корисникот може да влезе и излезе од кабината без ограничувања. Кабините се чистат и дезинфицираат по секое изнајмување, а системот за автоматска вентилација ги филтрира бактериите и вирусите од воздухот. Користењето е 9 евра на час, но кабината за спиење може да се резервира цела ноќ (од 48 евра) или подолго.
Извор: kanal5.com.mk