ПАТНИЦИТЕ НА ПИСТА ВО НЕПАЛ ТУРКАЛЕ АВИОН

Необична сцена е снимена на пистата на аеродромот во Непал. На социјалните мрежи вирално стана видео од патници како туркаат авион на писта во Непал. Необичниот настан е резултат на дупната гума во авионот, поради што не можел да се движи по пистата на аеродромот Баџура во Колтија.

Се работи за лесен авион Twin Otter на Tara Air, кој поради пукната гума остана среде пистата, па неможеше да полета. Поради тоа што аеродромот немал средства да го премести авионот, патниците и членовите на обезбедувањето ги презеле работите во свои раце и го турнале авионот.

„Акцијата“ траела дваесетина минути, а авионот бил турнат на безбедно за да не им пречи на авионите кои полетуваат и слетуваат.

Подоцна пристигнал друг авион со резервни делови и сервисери кои набрзо ја смениле гумата па авионот полетал.