Патува низ светот на велосипед – Погледнете кој му е единственото друштво што го придружува цел пат

Сопатник на тој пат бил и неговиот пријател Рики. По три месеци патување полно со забава и лоша организација, Рики се откажал. Покрај тоа, Дин се задржал во Босна и Херцеговина поради повреда на лигаментите по неспретниот скок од Стариот мост во Мостар. Ги одмерил своите опции, дали да се врати дома на својата секојдневна работа како заварувач или да продолжи сам. Иако тргнал подготвен сам да ја реализира желбата и целта, тоа не потрајало долго.

Во непосредна близина на граничен премин возејќи од БиХ кон Црна Гора нашол неухрането маче кое решил да го задржи. Откако ја преминал границата покажувајќи ги само своите документи, во Црна Гора Дин побарал ветеринар за да го прегледа и вакцинира мачето. Тоа морало да добие документи и пасош за да патува низ светот.

Дин Николсон и оваа мачка Нала патуваат низ светот на велосипед со прикачена приколка од која се вее шкотско знаме. Зад Нала стојат 24 земји, а зад Дино многу повеќе, бидејќи патувањето не го започнале заедно. Освен основни работи како облека, документи, опрема за кампување и секако работите на Нала, Дин носи и многу техничка опрема. Лаптоп, камера, дрон и безжични полначи се дел од опремата што му е потребна за да може да го документира и сподели своето патување.

Неодамна на својот Инстаграм профил собра милион следбеници, а на Јутјуб редовно објавува подолги влогови каде го следат 226 илјади луѓе.Покрај тоа, тој е активен на Tик Ток, Фејсбук и Твитер. Самиот снима видеа и ги објавува на социјалните мрежи. Најдобарата пријателка од Шкотска му помага да ја води официјалната веб-страница каде што продава маици, чанти и календари со ликот на Нала. Сите приходи од продажбата одат во добротворни цели, и тоа, секогаш во некое прифатилиште или здружение за заштита на животни. Главен извор на приходи за ова динамично дуо е Јутуб.

Во септември 2020 година, Дин објави книга „Светот на Нала“, во која ги опишува секојдневните случки од нивната прва средба до минатата пролет, кога непланирано се задржале во Унгарија поради пандемијата.