Пилотот објави видео од она што патниците не го гледаат за време на летот: И подобро е да не знаат

Пилотот на „Катар ервејс“, Сандип Варма објави на својот профил на Твитер за слетувањето на авионот на аеродромот Квинстаун во Нов Зеланд.




На видеото се гледа како авионот лета над облаците опкружен со планински врвови. Во еден момент авионот почнува да се спушта во облаците, а веднаш пред него е врвот на планина, пишува Вечерњи.




Неколку секунди лета низ целосна магла, а во друг момент поминал низ облаците и лета кон слетната лента.




И покрај тоа што авионот лета во точен правец со навигација, ретко кој не се запрашал дали ќе излезе цел од облаците. Но, тоа е нешто со кое пилотите се среќаваат речиси секој ден, а патниците не го знаат. И подобро е така!