Пингвинот поминал 3.000 километри: од своето природно живеалиште до Нов Зеланд

Локалните жители беа целосно изненадени кога видоа редок арктички пингвин во Нов Зеланд. Пингвинот се нашол на брегот на Нов Зеланд откако поминал патека од најмалку 3.000 километри од неговото природно живеалиште на Арктикот.

Пингвинот Адели, кој Новозеланѓаните сега го нарекуваат Пингу, беше пронајден на брегот и изгледаше целосно изгубено. Хари Синг го нашол додека се шетал со сопругата, а првично мислеле дека е кадифена играчка. „Мислев дека тоа е само играчка, но пингвинот ја мрдна главата. Сфатив дека е вистинско животно.

Стоеше на едно место цел час и изгледаше исцрпено“, изјави Синг. Тој повикал експерти кои се грижеле за него и му нашле засолниште за да го заштитат од предатори. Испитувањето покажало дека е дехидриран, исцрпен и послаб отколку што треба.

Ова е трет случај на пристигнување на пингвинот Адели во Нов Зеланд, а претходните два се снимени во 1962 и 1993 година.