ПИСМО ДО ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ: ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО МЕ ОСТАВИ, МИ ПОКАЖА ДЕКА ЗАСЛУЖУВАМ ПОДОБАР ЖИВОТ

Често луѓето со огорченост се сеќаваат на своите сопружници кога се разведуваат, но една жена, која поминала низ многу тешки моменти за време на разводот од нејзиниот сопруг, успеала да најде исклучително важна поука од се. На крајот сфатила дека разводот само и го подобрил животот. Таа му изразила благодарност на сопругот преку писмо што му го испратила. „Драг мој бивши маж. Денеска се навршија петнаесет години откако се разведовме.




Не ти пишувам затоа што мислам на тебе или ми недостигаш, туку затоа што сакам да ти се заблагодарам што ми го поправи животот поубав од денот кога си замина. Сакам да ти се заблагодарам за следните ставки: 1. Ти благодарам што ме научи дека сум доволно силна да се справам со сите неволји – САМА! 2. Ти благодарам што ме научи дека сè можам сама да поправам и дека за тоа не ми треба маж или некој друг.




3. Ти благодарам што ме научи да одговорам енергично на секој што се однесува со мене грубо и авторитативно. 4. Ти благодарам што ме поттикна да се грижам повеќе за моето тело или изглед. Бев запоставена со тебе затоа што ми беше поважно да те хранам тебе и децата отколку да се грижам за себе. Сега се ставам себеси на прво место. 5. Ти благодарам што ми помогна да сфатам дека имам храброст повторно да возам автомобил.




Досега се потпирав на тебе да ме возиш и се сомневав во моите возачки способности. Сега сум 100% сигурна дека возам одлично и го правам тоа секој ден. 6. Ти благодарам што ме научи дека треба да имам свои пари. Беше одлично да седам дома и да не правиш ништо, потпирајќи се на тебе. Но, уште подобро е кога ќе ги заработам своите пари и ќе располагам со нив како што сакам. 7. И на крај, нешто за што сум најмногу благодарна – Ти благодарам што ме остави!




Ти благодарам што најде двојно помлада, нова девојка! Да не го направеше тоа, јас сепак ќе бев запоставена очајна жена, која нема свој денар, која се грижи за сите други освен за себе, која не знае да направи ништо сама и зависи од другите. . Ти благодарам што ми помогна да станам совршена жена! Не би била таква ако останев со тебе!