ПИСМО ОД МАЈКАТА ДО СИНОТ КОЈ ЗАМИНАЛ ДА РАБОТИ ВО СТРАНСТВО КОЕ ЌЕ ВЕ НАСОЛЗИ

18-годишно момче заминало во странство, а кога се вратило мајка му со солзи радосници го чекала на аеродромот. Го прегрнала колку што можела, бидејќи многу го сакала. Нејзиниот син и рекол: „Мајко, знам дека многу ме сакаш, но ме срамиш кога ме гушкаш пред сите, како да сум мало дете!“ Ова многу ја навредило мајката, бидејќи мислела дека нејзиниот син не се радувал да ја види.

6 години подоцна, нејзиниот син повторно оди во странство, сега има 24 години, но мајка му сепак отишла на аеродром да го испрати. Но, овој пат таа не го прегрна, туку му го сврте грбот и во солзи му рече: „Пази си сине“. Кога се вратил, мајка му не била на аеродромот. Кога дошол дома, видел писмо со букет цвеќе од неговата мајка.

Од чиста љубопитност го отворил писмото и го прочитал во целост, кога завршил многу плачел, бидејќи во моментот тоа бил најлошиот момент во неговиот живот. Во писмото пишува: Сине мој, кога те прегрнав пред 6 години, плачев од радост, но кога ги читаш овие редови, веќе сум во гроб, во ковчег, бидејќи умрев од рак.

Плачев кога го свртев грбот на твоето второ заминување затоа што не сакав да те засрамам, но сепак знаев дека тоа е последен пат што те гледам. Те сакам многу и секогаш ќе бидам тука за тебе.

Со љубов твојата мајка.

Испитај го и твојот однос со мајка ти!