ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЛУКСУЗНИОТ ДОМ НА СЕВЕРИНА ВО СПЛИТ: Стан на море, целиот во бело

Пејачката Северина Вучковиќ поседува луксузен апартман во Сплит кој се наоѓа на самиот брег, веднаш до една од најпознатите плажи во овој дел на Далмација.




Овој луксузен имот се наоѓа во населбата Жњан, која е позната како една од најлуксузните населби во родниот Сплит на Сева, и затоа е мамка за познатите личности.




Она што е особено интересно е што зградата во која се наоѓа нејзиниот стан се наоѓа на улица именувана по римскиот папа Јован Павле Втори, кој во тој простор одржа говор при неговата посета на Сплит во 1998 година. Тоа во една прилика во својата објава на Инстаграм го потврди и самата Сплиќанка.




Како што објави „Курир рс“, цената на становите во тој дел на Сплит, кои се нешто помали од 100 метри квадратни, се движи и до 650.000 евра во зависност од квадратурата и локацијата, а пејачката се наоѓа во една од најатрактивните згради.
Таа на социјалните мрежи често споделува фотографии од својот дом, но никогаш не открива премногу.
Сепак, се гледа дека во станот преовладува белата боја, а секое парче мебел изгледа многу луксузно.